Лавров ги спореди Трамп и Ким со деца во градинка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја спореди во петокот вербалната војна меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун со борба на дечиња во градинка.

Последните денови се води не толку дипломатска комуникација на претседателот на САД, Доналд Трамп, и водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, откако американскиот челник во говорот пред Генералното собрание на Обединетите нации севернокорејскиот челник го нарече „човек ракета“ во самоубиствена мисија, заканувајќи дека оваа земја „потполно ќе биде уништена“ поради нејзините закани упатени кон самите САД и нивните регионални сојузници.

Кум набрзо возврати дека Трамп е „личност со ментално нарушување“ и се закани дека „скапо ќе ги плати заканите упатени на неговата земја“. Трамп не му остана должност, па во петокот возврати нарекувајќи го севернокорејскиот челник „лудак“ кој ќе биде ставен на „искушение како никогаш претходно“.

Во меѓувреме САД ги заострија санкциите кон Северна Кореја, додека Пјонјганг се закани со ново можно тестирање на хидрогенска бомба, и тоа во водите на Пацификот.

Ноќта кон саботата по средноеворпско време, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повика да се смири ваквата ситуација. За новинарите во ОН, каде што светските лидери се собраа на годишното Генерално собрание, изјави дека е неопходно да се направи пауза за да се „изладат вжештените глави“.

„Да, неприфатливо е молчешкум да ги гледаме нуклеарните воени авантури на Северна Кореја, но исто така неприфатливо е да се покрене војна на Корејскиот полуостров“, додаде Лавров.

Повика на политички процес, за што, како што рече, е клучен дел од процесот на Советот за безбедност при Обединетите нации.

„Заедно со Кина, ќе продолжиме да се залагаме за разумен пристап, а не емоционално како кога деца во градинка се борат и никој не може да ги запре“, додаде Лавров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.