Очекувана победа на Маркел, крајната десница трета политичка сила

© EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Според резултатите од излезните анкети, конзервативната Унија CDU/CSU на германската канцеларка Ангела Меркел е најсилната партија на изборите за 19-от состав на долниот дом на парламентот Буднестагот, но исто како и втората Социјалдемократска партија на Германија (SPD) претрпе големи загуби, додека голем успех оствари евроскептичната и противдоселеничка десница Алтернатива за Германија (AfD) која стана третата политичка сула зад социјалдемократите.

Според резултатите од излезните анкети на јавниот сервис ARD, демохристијанската Унија CDU/CSU освоила 32,5 отсто од гласовите, а следи Социјалдемократска партија на Германија (SPD) со освоени 20 отсто од гласовите. Станува збор за најлошите изборни резултати на германските социјалдемократи од 1949 година.

Десната Алтернатива за Германија (AfD), според излезните анкети, освоила 13,5 отсто од гласовите, Либерално-демократската партија (FDP) освоила 10,5 отсто, партијата на Зелените 9,5 отсто, а партијата Левица добила 9 отсто од гласовите.

AfD, којашто од противник на еврото фокусот последните две години го стави врз критиката на имигрантската политика на канцеларката Ангела Меркел, така ги оствари стравувањата на германската јавност дека ќе стане трета политичка сила во земјата.

Првите нецелосни официјални резултати би требало да бидат познати во текот на вечерта.