Од блиндиран камион украдени 70 килограми злато

злато

Пазарната вредност на украдениот плен, според сегашната цената на златото, е околу 2,5 милиони евра.

Блиндираниот камион на компанијата „Лумис“, бил нападнат утрово околу 9 часот северно од Лион.

Напааѓачите пристигнале во два автомобили со кои му го блокирале патот камионот. По грабежот тие запалиле еден од нивните автомобили, а со другиот побегнале.

Жандармеријата интервенирала навреме за да ги ослободи вработените во „Лумис“, пред огнот да се прошири на камионот.

„Лумис“ до 2008 година беше подружница на шведската група „Секјуритас“, кој е светски гигант во приватното обезбедување.

Последниот грабеж во Франција на превозници на пари се случи исто така на автопатот А6 на 11 март 2015 година, кога 15 лица украдоа накит во вредност од околу девет милиони евра.

Во регионот на Лион, камион на „Лумис“ веќе биле нападнат во октомври 2012 година, кога двајца мажи на скутер украдо куферот со 125.000 евра. Но, компанијата остана забележан по случајот со Тони Мусулин, вработен во „Лумис“, кој на 5 ноември 2009 ги украде11,6-те милиони евра што ги превезуваше со каминот. Полицијата откри 9,1 милиони, додека останатите 2,5 милиони евра, Мусулин не кажа каде се наоѓаат. Тој за грабежот беше осуден на пет години зтавор и веќе е на слобода од септември 2013 година.