Пет обвиненија за убство за напаѓачот од Берлингтон

Арџан Четин се појави пред судот, што му определи гаранција од два милиона долара. Дваесетгодишниот маж, кој во САД имигрирал од Турција, признал дека ги извршил убиствата.

Четин беше уапсен во саботата, откако претходниот ден застрела пет лица во трговски центар во градот Берлингтон.

Неговиот очув изјави дека Четин страдал од психички проблеми.