Протести против екстремната десница во Берлин

Неколку стотици противници на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АФД) синоќа протестираа пред зградата во која лидерите на оваа националистичка и антиисламистичка партија го славеа нејзиниот влез во Парламентот како трета политичка сила во земјата.

Со паролите „Цел Берлин ја мрази АФД“ и „Нацистички свињи“, неколку демонстранти фрлаа шишиња на полицајците, кои се обидоа да ги задржат подалеку од местото на собирање на приврзаниците на АФД.

Протести против влезот на АФД во Бундестагот имаше и во близина на берлинскиот плоштад „Александарплац“.

Алтернатива за Германија, според првичните резултати, на вчерашните избори освои 13 отсто од гласовите и ќе биде првата екстремна десничарска партија во Бундестагот по Втората светска војна.