Русија во орбитата лансираше рекордни 73 сателити

ТАСС

Русија во петокот испрати во орбитата околу Земјата рекордни 73 сателити, пренесуваат агенциите.

Руската агенција за вселенски истражувања Роскомос објави дека меѓу нив се наоѓаат и сателити на американски, германски, јапонски, норвешки и канадски оператори. Сателитите во орбитата од вселенскиот центар Бајконур ги понесе ракетата „Сојуз 2.1а“.

Станува збор за најголемиот досега број сателити кои Русија ги лансирала одеднаш.

Досега најголем број сателити лансирани со една ракета, вкупно 104, го изврши Индија во февруари годинава со ракетата PSLV-XL .