САД ја проширија имиграциската извршна уредба за уште три земји

Северна Кореја, Венецуела и Чад од неделата се вклучени на листата земји за кои важи американската имиграциска извршна уредба за забрана на влез во САД којашто ја воведе претседателот Доналд Трамп набрзо откако стапи на должноста исполнувајќи ги предизборните ветувања за поголема безбедност на Американците по неколкуте смртоносни напади.

Од друга страна, Судан, една од шесте муслимански земји опфатени со претходната уредба, е повлечен од листата. Со новиот текст се забранува или ограничува влез во САД на странските државјани од вкупно осум земји, откако претходно уредбата важеше за Иран, Сирија, Сомалија и Јемен, а од неа беше повлечен претходно Ирак.

Мерките се разликуваат во зависност од земјата. На сите државјани на Северна Кореја и Чад им е забранет влезот на американска територија, додека забраната за Венецуела се ограничува на лица кои се поврзани со власта на оваа земја.

„Да се направи Америка безбедна е мојот приоритет. Нема да ги прифаќаме во нашата земја оние коишто не можеме да ги контролираме, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во пораката објавена на Twitter.

Според претседателската уредба, „мал број земји, на околу 200 проценети, во овој момент не задоволуваат по прашањето за проверка на идентитетот“, и споделувањето на информациите.

„Доколку не можете ефикасно да ги конролирате лицата коишто доаѓаат кај вас, не би сте смееле да им дозволите на тие лица од некои земји да патуваат“, изјави генералот Х.Р. Мекмастер, советник на претседателот за нацонална безбедност.

Американскиот претседател на почетокот од 2017 година изјави дека му се потребни 90 дена забрана за доаѓањата на државјаните од седумте доминантно муслимански земји: Сирија, Либија, Иран, Судан, Сомалија, Јемен и Ирак, кој потоа набрзо беше тргнат од списокот, како и 120 дена забрана за влез на бегалци од целиот свет, за да се воведе новиот филтер за прием.

По пет месеци спорови пред судовите, изменетата верзија на уредбата стапи на сила на 29-ти јуни. Траењето на нејзината промената беше завршено во неделата.