Седум лица исчезнати, од кои две деца, во уривање на зграда кај Неапол

ANSA/ CESARE ABBATE

Седум луѓе, меѓу кои и две деца, се сметаат за исчезнати по уривањето на дел од станбена зграда во местото Торе Анунцијата, јужно предградие на Неапол, пренесува во петокот италијанската новинска агенција Ansa, повикувајќи се на локалните влсти.

„Околу 30 пожарникариги пребаруваат урантините на четирикатницата. Се претпоставува дека станува збор за осум исчезнати лица“, објави противпожарната служба на Twitter. Урнатините се расчистуваат рачно, а ангажирани се и обучени кучиња трагачи.

„Станува збор за две семејства, едното од родителите и две деца, на 10 и на 12-годишна возраст, а другото од три возрасни лица“, изјави пак првиот човек на општината Торе Анунцијата, Винченцо Аскионе.

Според него, тешко е да се прецизира вистинската бројка на луѓето кои се заробени под урнатините. Првите два ката биле ненаселени во моментов, поради реновирање.

„Исчезнатите семејства се од третиот и од четвртиот кат. Засега не може да кажеме дали има врска меѓу работите на реновирањето и уривањето“, додал Аскионе.

Зградата се урнала околу шест часот утрото. Бидејќи се наоѓа во близина на железничка пруга, запрен е и железничкиот сообраќај.