Шестмина руски хулигани уапсени во Келн

Германската полиција соопшти дека уапсила шестмина руски хулигани пред катедрала во Келн. Како што се навердува, Русите се уапсени затоа што нападнале неколкумина шпански туристи.

Се соопштува дека тие биле пијани и дека кај нив биле најдени влезници за натпреварот на руската репрезентација за Европското првенство во Франција.

Полицијата веднаш по инцидентот уапсила петмина хулигани, додека шестиот бил приведен на аеродромот кај Келн, пред да се качи на летот за Ибица.