Свет

Северна Кореја повторно ги вознемирува САД, активира нуклеарен реактор

Северна Кореја повторно ги вознемирува САД, активира нуклеарен реактор

Северна Кореја ги оствари заканите дека ќе ја унапреди програмата за нуклеарно вооружување, истакнал директорот на американската Национална разузнавачка служба,Џејмс Клапер.

Во писмениот извештај до одборот за разузнавање во Сенатот, Клапер навел дека Северна Кореја ги проширила погоните за обаготување на ураниум во комплексот Нјогбјон и дека повторно го активирала реакторот што бил користен за производство на плутониум до неговото затворање во 2007 година, пренесува Асошиејтед прес.

И разузнавачката служба на Јужна Кореја, исто така, соопштила дека  реакторот повторно е вклучен.

„Севернокорејското нуклеарно оружје и ракетна програма претставуваат сериозна закана за САД како и за безбедноста на источна Азија“, нагласува Клапер во извештајот.

Тој истакнал дека Пјонгјанг е посветен на развивање ракети со долг домет кои што може да ја загрозат територијата на САД.

Сателитските снимки направени овој месец покажуваат дека Северна Кореја работи на промена на главното место за лансирање на ракети, 10 метри подолги од оние од 30 метри кои ги лансира во вселената пред  година дена, а се проценува дека лансирањето нема да биде можно пред март или април

Лансирањето на триделната ракета Унха-3 во вселената 2012 година од западниот брег во САД беше протолкувано како загрижувачки знак дека Пјонгјанг се доближува до целта, ракети со нуклеарни боеви глави кои може да стигнат до Америка.

Северна Кореја тврдеше дека лансирањето е дел од мировна вселенска програма.