Социјалдемократите заминуваат во опозиција, Меркел пред тешко составување коалиција

Социјалдемократската партија на Германија (SPD) по најлошиот изборен резултат во повоената историја во недела ја исклучи можноста од продолжување на ткн „голема коалиција“ со демохристијаните и најави заминување во опозиција, додека изборната победничка Ангела Меркел ја очекува макотрпно составување на владејачката коалиција.

„Вечерва завршува нашата коалиција со Унијата CDU/CSU. Јас како претседател на SPD ќе ја водам опозицијата во Бундестагот“, најави претседателот на најстарата германска партија Мартин Шулц обраќајќи им се на собраните во партискиот центар во Берлин по објавувањето на првичните резултати според кои социјалдемократите претрпеле тежок пораз и со 20,2 отсто од освоените гласови го оствариле најлошиот изборен резултат од 1949 година.

„Потполно е јасно дека овој резултат е јасен сигнал од избирачите дека ние сега сме опозициска партија“, додаде Шулц и со та ги потврди претходните изјави на некои партиски челници за заминувањето на SPD во опозиција.

„SPD нема да води никакви коалициски преговори. Тоа во целост е исклучено“, изјави претседателот на пратеничката група на социјалдемократите во Бундестагот, Томас Оперман.

Појасни дека како најсилна партија во опозицијата ќе претставуваат „бастион на демократијата“ во заднината на фактот дека со 13,5 отсто од гласовите првпат влезе во парламентот релативно младата евроскептична и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD).

„Влегувањето на AfD претставува историски пресек преку кој ниту еден демократи не може само така да мине“, рече Шулц.

За Унијата CDU/CSU на чело со канцеларката Ангела Меркел претстојат преговори за составувањето на коалиција. По одлуката на SPD да замине во опозиција, политички е уште единствено можна коалиција со партијата Зелени и Лидерлано-демократската партија (FDP) којашто по неуспехот на минатите парламентарни избори се врати во парламентот.

Ваквата констелација од јуни годинава е на власт во сојузната покраина Шчезвиг Холштејн.

Се очекува дека составувањето на ткн „Јамајка коалиција“, наречена така поради боите на парти: црна, жолта и зелена), ќе биде макотрпно поради големите разлики во политичките програми на поединечните партии. Тоа особено важи за разликите меѓу баварската Христијанско-социјална унија (CSU), која е поконзервативниот дел од унијата со Христинско-демократската унија (CDU), и партијата Зелени, којашто во многу области застапува ставови спротивни од интересите на CSU.