Судот одлучи родителите на бебето Чарли Гард дека мора до четврток да постигнат договор за неговата смрт

Британскиот суд и даде во средата на родителите на 11-месечното бебе Чалри Гард временски рок до четвртокот напладне со болницата да се договорат околу неговата смрт, а доколку тоа не успеат да го сторат бебето ќе биде префрленово во хиспис – оддел на кој ќе биде исклучено од апаратите кои го одржуваат во живот.

Бебето кај коешто е дијагностициран екстремно ретко генетско нарушување кое предизвикува оштетување на мозокот и слабеење на мускулатурата, е предмет на судски спор меѓу неговото семејство и лондонската болница во коешто е хоспитализирано којашто издејствува судот да дозволи негово лекување во САД на експирементален третман.

Болницата се одлучи бебето да умре, што го потврди и судот откако американските лекари соопштија дека со судскиот процес е загубено времето кога предложената терапија би можела да има резултати, а сега се води спор да им се овозможи на родителите да минат неколку дена со своето дете надвор од болницата.

За тоа колку Кни Јејтс и Крис Гард ќе имаат време да минат со своето синче пред неговата смрт ќе одлучи судот. Тие веќе неколку дена, откако беше прекината постапката за дозвола за лекување во странство на малиот Чарли се обидуваат да добијат дозвола да го однесат синчето во неговиот дом, но по сослушувањето во средата стана јасно дека судот нема тоа да го дозволи.

Адвокатот на згрижувачот на Чарли кој го именуваше судот, и покрај застапниците на родителите изјави дека ниеден оддел за интензивна нега не може на подолг рок да и даде нега на децата кои се интензивно на апарати.

Родителите изнесоа аргумент дека нашле лекар кој дал потврда дека е подготвен неколку дена да го надгледува Чарли во болницата што би му ја дало последната шанса за постигнување договор од овој вид за кој судијата даде рок до четвртокот напладне.

„Доколку до утре напладне, згрижувачот и болницата не се договорат за алтернативен аранжман, Чарли ќе биде префрлен на одделот и брзо ќе биде тргнат од паратите“ порача судијата Никола Френсис.

Мајката во еден момент во судница извика, како што претпоставуваат медиумите на застапникот на Чарли одреден од државата „Што ќе беше доколку тоа беше ваше дете? Се надевам дека сте задоволни со себеси“ по што во солзи ја напуштила судницата.

Родителите на Чарли претходно од болницата GOSH (Great Ormond Street Hospital) бараа можност детето да биде однесено на експериментално лекување во САД, а Папата Франциск порача дека го следи овој случај и оти се моли за момченцето и помош понуди и американскиот претседател Доналд Трамп, но британските судови и Европскиот суд за човекови права тоа го одбија „бидејќи тоа не било во интерес на детето“.

Родителите собраа 1,4 милиони фунти од донации, што беше доволно за заминување во САД и за самата терапија. Меѓутоа, лекарите во детската болница GOSH во Лондон донесоа одлука дека детето треба „достоинствено да умре“ а нивната одлика ја потврдија и судовите во Велика Британија.

Родителите на бебенцето се надеваа дека Европскиот суд во Стразбур ќе им излезе пресрет но на 27 јуни Европскиот суд за човекови права ја отфрли нивната жалба пресудувајќи дека детето треба набрзо да умре без да добие шансата што ја дава современата медицина. Тие го прифатија тврдењето на лекарите во GOSH дека „продолжувањето на третманот е неоправдано, бидејќи детето патело“, што беше соопштено во образложението на судот од минатиот петок, три седмици по поднесувањето на жалбата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.