Свет

Терористички напад и се заканува на Норвешка

Терористички напад и се заканува на Норвешка

На Норвешка најверојатно и се заканува обид на терористички напад во наредните 12 месеци, соопштија денеска норвешки разузнавачки претставници.

Исламска држава повика на терористички напади против сите земји кои се дел од меѓународната коалиција предводени од САД против џихадистите.

Норвешка соопшти дека ќе испрати 120 војници да се приклучат на меѓународната кампања против Исламска држава во Ирак и дека ќе помогне во обука на локалните сили.

Во јули проценката на безбедносни закани во Норвешка беше многу алармантна кога беше соопштено дека постојат информации за „конкретни закани“ врз луѓето поврзани со исламстичките борци во Сирија.