Tesla им ги предаде на првите купци автомобилите Model 3

Извршниот директор на компанијата „Tesla“, Илон Маск, изјави дека во петокот за електричните автомобили „Model 3“ веќе има над половина милион резервации откако првите 30 возила им ги испорача на вработените во компанијата, а ова претставува најголемиот тест за новата стратегија на компанијата кој ќе покаже дали ќе биде профитабилен произведувач на автомобили за масовниот пазар.

model 3 02

Пред зградата на компанијата „Tesla“ во Фримонт, во сојузната држава Калифорнија, Маск го покажа автомобилот кој чини 35.000 американски долари и кој само се едно полнење може да измине 350 километри. Компанијата претходно произведуваше само луксузни електрични автомобили.

Автомобилот кој може да измине повеќе километри со едно полнење – до 500 километри, чини 44.000 американски долари. Автомобилот наместо командна табла со копчиња, има екран на допир десно од возачот.

model 3 01

Компанијата вети дека ќе произведе 500.000 вакви возила следната година, што е шест пати повеќе од производството во минатата 2016 година.