Трамп сака да ги обнови врските со Москва

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон појасни во вторнокот на Нов Зеланд дека претседателот Доналд Трамп побарал од него да не се оптоварува со проблемите во Вашингтон, туку да се обиде да ги обнови врските со Русија.

Поранешниот директор на Федералното биро за истраги (FBI), Џејмс Коми, кој беше сменет од позицијата од претседателот Доналд Трамп во четвртокот во Конгресот треба да ја презентира својата верзија, потенцијално експлозивна за САД, на наводната руска афера којашто го попречува мандатот на актелниот претседател.

Во текот на посетата на Нов Зеланд, новинарите го прашале американскиот државен секретар Рекс Тилерсон дали смета оти администрацијата на претседателот Трамп може да падне поради наводната афера за руското мешање во претседателските избори во ноември 2016 година, што е предмет на парламентарна и полициска истрага.

„Претседателот беше јасен: ‘Нека не те попречува ова што се случува на нашата политичка сцена, да го сториш она што е неопходно да заздравување на односите“ со Русија, изјавил Тилерсон.

Шефот на американската дипломатијата рекол дека не може да ги коментира истрагите коишто се во тек, додавајќи дека „навистина не е упатен во тие прашања“.

„Претседателот побара да започнам постапка на обновувањето на односите со Русија за тие да се стабилизираат, а не да се влошуваат“, додал Тилерсон.