„Викиликс“ објави дека ЦИА најмногу прислушкувала Ајфон и Самунг смартфони и телевизори

Паметните телевизори и автомобили сега имаат вградено компјутери и микрофони и можат речиси да се користат како смартфони, таблети и лаптопи така што полека, но сигурно стануваат стандард во индустријата. Тоа што ЦИА направила алатки за да прислушкува со нив не ги изненади луѓето кои се дел од безбедносното комјунити во САД.

Во изјава за вестите на Си-Би-Ес, ЦИА вели дека нема коментар за автентичноста на документите или за било која истрага под која што тие се наоѓаат.

Мисијата на ЦИА е агресивно да собира информации од странци за да ја одбрани САД од терористи, непријателски нации и останати противници. Работа е на ЦИА да биде иновативна, секогаш со најнова опрема и првата линија на одбраната на оваа земја од надврешни закани. Исто така важно да се напомене дека ЦИА е законски ограничена од прислушкување индивидуи на домашен терен вклучувајќи ги граѓаните на САД, па затоа ние не го правиме тоа.

Од агенцијата велат дека откривањето на алатките пред јавноста ќе им овозможи пристап и на противниците на САД да ја користат истата технологија против нив.

Колку треба потрошувачите да се загрижени?

Спорните алатки кои беа подвлечени од документите на Викиликс не изгледа дека се инструменти за масовно прислушкување, па затоа не сметаме дека секој телевизор или понов модел на автомобил е во ризик.

Не е изненадувачки, и до некаде до некаде е смирувачки дека овие алатки се вели дека таргетирале одредени луѓе преку компромизирање на софтверот на нивните направи, за разлика од алатаките кои се користат за декриптирање на сообраќај преку интернет, вели Мат Блејз, научник од Универзитетот на Пенсилванија.

Обвинувањата велат дека нападите се состоеле од следење на куцањето на тастатурата или тајно вклучување на микрофонот во вашиот Самсунг смарт телелвизор додека е тој исклучен. Всушност многу од алатките за прислушкување опишани во документот се направени со систем на пренос на информации преку усб стик или друга подвижна меморија.

Што може да се направи за да се спречи направа која е компромитирана на ваков начин преку интернет да комуницира со шпиони?

Не многу ако сакате да си ја зачувате направата.

Се што може да се активира преку гласовна команда и е поврзано со интернет е подлежно на овие напади, вели Роберт М. Ли, поранешен офицер за сајбер војна во САД. Тоа вклучува смарт ТВ и направи кои користат гласовни команди како Амазон Еко кои можат да прелистуваат вести, пуштаат музика, да ја затворат гаражата или да го променат термостатот.

За да се осигурате дека направа поврзана со интернет не може да ве шпионира е да ја исклучите од интернет и било каква мрежа и да ги извадите батериите доколку тоа е возможно. Можете исто така и да не користите такви направи ако немате потреба од најновите предности што идат со нив и ако не е со сертфикат за безбедност докажан од производителот.

Дали апликациите како ВацАп и Сигнал за гласовна и текстуална комуникација што имаат силна енкрипција се ранливи на нападите опишани во документите на Викиликс?

Не, но овие напади се дизајнирани да навлезат во системот на вашиот Андроид смартфон, Ајфон, Ајпад или се што има Виндоус како оперативен систем и да читаат информации односно да прислушкуваат разговори покрај тоа што апликациите се добро енкрипирани.

Лошата вест е дека нападите се добро осмислени, вели Блејз. Добрата вест е дека мора да ве целат лично вас ако сакаат да имаат пристап до вашите информации.

Епл и Гугл, компаниите кои стојат зад Андроид објавија дека многу од ранливностите во нивните системи се покриени и за нив е комензирано во безбедносниот систем на нивните оперативни системи.

Јас не претставувам закана, но сакам да се заштитам. Како?

Можеби ќе звучи досадно, но е многу важно: Чувајте ги вашите оперативни системи секогаш на последната објавена верзија и не кликнувајте на линкови и на мејлови за кои не сте сигурни дека се безбедни.

Секогаш има напади за кои антивирусните компании не се свесни дека постојат се додека не е предоцна. Овие се познати како zero-day напади бидејќи не постојат апдејти за нивна превенција и жртвите немаат никакво време да се подготват против нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.