Внукот на Енвер Хоџа осуден на 10 години затвор

Ермал Хоџа, внук на поранешниот претседател на Албанија, Енвер Хоџа, денеска во Тирана е осуден на десет години затвор поради трговија со кокаин од Јужна Америка во Западна Европа.

Покрај Хоџа (42) осудени се уште осум негови соучесници, меѓу кои двајца Колумбијци на затворска казна од 10 до 13 години.

Хоџа и групата се уапсени во јануари 2015 година откако полицијата откри и заплени околу 120 килограми кокаин, пари и оружје во нивното засолниште во близина на Тирана.

Ермал е најстариот внук на Енвер Хоџа, кој беше претседател на Албанија од 1944 до смртта во 1985 година.  

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.