Во Италија се урна борбен авион при изведување акробации (ВИДЕО)

Ловец на италијанските воздухопловни сили се урнал во неделата претпладнето во текот на изведување акробации за време на авиошоуто во областа Лацио, пренесуваат италијанските медиуми.

Инцидентот се случил пред илјадници луѓе собрани на брегот на Тиренското Море во близина на градот Терачина. Видеоснимката од несреќата брзо се прошири на социјалните мрежи.

Поради несреќата шоуто извесно време било прекинато, а потоа и завршено.

Пилотот на авионот од типот „Eurofighter Typhoon“ кој изведувал една од последните точки од летачката програма се урнал во водата. Очевидци на настанот изјавиле дека тој не успеал да се катапултира.

Телото на 36-годишниот капетан на авионот било најдено по час и половина потрага.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.