Во Лондон уапсен втор осомничен за бомбашкиот напад во метрото

© AP Photo / PA / Victoria Jones

Лондонската полиција го привела вториот осомничен за учеството во бомбашкиот терористички напад од петокот во подземната железница на британската престолнина, соопшти во неделата Скотланд јард.

Станува збор за приведување на 21-годишен маж во саботата околу полноќ во лондонската област Хаунслоу, по што тој бил префрлен во полицискиот оддел во јужниот дела од градот.

Првиот осомничен, 18-годишник беше претходно уапсен во областа на пристаништето Довер и претресе зграда во градот Санбери, крај Лондон, во врска со нападот.

Експлозијата се случи во вагон на подземната железница на метро станиците „Парсонс Грин“ на западот од Лондон во текот на утринскиот сообраќаен метеж, по што 30 лица се здобиле со повреди, како и изгореници и од стампедото кое започнало по детонацијата.

Одговорноста за нападот го презема терористичката организација Исламска држава. Според очевидци, импровизираната експлозивна направа била доста моќна.