Во поплавите во Индија погодени два милиони луѓе, 85 загинати

На североистокот од Индија поплавите се зголемија при што смртно настрадале до 85 лица, а изминатите седмици со нив се погодени два милион луѓе, соопштија во петокот властите.

Најмалку 50 луѓе се удавиле или настрадале во одроните земја или од струен удар поради поплавите кои ги предизвикале монсунските дождови во Асаму од средина на јуни, изјавил функционерот на државна управа Нава Дека. Ж

Деветнаесет лица загинале во соседната држава Аруначал Прадеш, вклучително и 14 членови на едно семејство кои настрадале во одрон претходно седмицава. Локалните медиуми, исто така, јавуваат за поплави и смртно настрадани во сојузните држави Манипура и Мизорама.

Севкупно, 85 лица ги загубиле животите во поплавите кои зафатиле 58 дистрикти на североистокот од земјата во изминатите неколку седмици, изјави за медиумите Џитендра Синг, сојузен министер задолжен за овој регион.

Дека рекол дека ситуацијата со поплавите се „влошува“, како и дека од 50 смртни случаи во Асама, 35 жртви имало во последните десет дена.

„Околу 1,7 милиони жители од 2.500 села зафатени се со поплавите, раселени се или блокирани во тие области и уништени им се посевите и имотот“, рекол Дака.

Главното засолниште за животните во Асама, тамошниот Национален парк Казиранга во кој живее најголемата популација на еднорогите носорози на светот, исто така е поплавено.

Дождовите во петокот стивнаа што на властите им овозможува да испратат медицински екипи да спречат ширење на болестите кои се пренесуваат преку загадената вода.

Индиската сезона на монсунските дождови меѓу јуни у септември често е проследена со обилни дождови кои се важни за земјоделието, но можат да предизвикаат и невидени разорувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.