Света книга, крст и пари украдени од Свети Пантелејмон

Ограбена уште една црква, арамијата однел пари, крст и света книга.

Преубавата црква Свети Пантелејмон во селото Никифорово била мета на арамија, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Појаснуваат дека тешката кражба се случила во период од 23 до 27 февруари кога во црквата немало никој. Арамијата успеал да влезе во стариот црковен објект откако насилно ја отворил вратата и одземал 3.500 денари оставени од верниците за здравје и среќа, позлатен крст и антимис, односно света книга.

Арамијата се обидел да ја отвори и металната каса, а откако не успеал избегал во непознат правец.

Полицијата работи на расчистување на случајот.