Светиниколчанец нападнат од куче во Скопје

Уште еден напад од куче е пријавен во полициска станица во Скопје во саботата, откако во петокот и четвртокот беа пријавени уште три нови случаи во различни делови од централното градско подрачје, десетина дена по нападот на куче во населбата Аеродром кога беа повредени вкупно девет лица

Вчера во 12 часот во полициската станица Ѓорче Петров, 35-годишниот Б.С. од Свети Николе пријавил дека на 22 декември околу 14 часот, додека се движел по улицата „4-Јули“ во Скопје, бил нападнат од куче скитник, кое го каснало во пределот на левата подколеница.

Пријавителот се упатил во Градската општа болница 8-Септември каде му е укажана лекарска помош.