Светите пештери на Крит

Крит е остров кој изобилува со пештери – на целиот остров има преку 3.000 пештерски структури со најразлична големина. Дел од нив се отворени за посетители, особено оние коишто се сметаат за свети места.

Светите Минојски пештери

Во минојската култура, голем број пештери и планински врвови биле сметани за свети места, бидејќи биле поврзувани со митовите за клучните моменти од животите на боговите. Пештерата Псикро, на источната страна од Крит се смета за родното место на Зевс. Пештерата на Зевс пак претставува цела мрежа од пештери со единствен влез, лоцирани во планината Ида, во централниот, планински дел од Крит. Според митовите, таму титанот Реа го сокрила бебето Зевс, за да го заштити од неговиот татко, Хронос, кој имал намера да го проголта, исто како и другите свои деца. Во минатото, на ова место се изведувале бројни обреди, од кои и денес може да се забележат остатоци.

Iguana-Tours

Пештерата на Св. Петар

На југозападниот, помалку развиен дел од Крит се наоѓа познатата пештера на Св. Петар, каде што тој, според христијанските легенди, продолжил да живее и да проповеда, откако неговиот брод бил зафатен од голема бура додека пловел низ Средоземното Море и бил исфрлен на брегот, токму на местото каде што се наоѓа пештерата.

Пештерата Милатос

Пештерата Милатос се наоѓа над истоименото село, на источната страна од Крит. Во 1823 година, селаните на Милатос избегале од османлиски напад во пештерата и се криеле таму цели две недели. Но на крајот, речиси сите биле убиени или продадени како робови. Денес, внатре во пештерата има мала, бела капела, во која се чувааат коските од жртвите на нападот.