Светот би можел да ја победи СИДА-та до 2030 година

Светот треба да ги зајакне напорите за борба против СИДА-та, за да ја совлада епидемијата до 2030 годиниа, бидејќи во спотивно таа би можела да излезе од контрола, предупредија ОН во извештај презентиран синоќа во Лос Анџелес.

Како што јавува МИА, претставниците на ОН апелираа до земјите кои се најтешко погодени со ХИВ/СИДА да преземат засилени мерки за справување со болеста, со цел да се избегне опасноста од неа да починат 21 милиони лица.

– Имаме пет години во кои засекогаш би можеле да ја совладаме епидемијата или ќе гледаме како таа се шири и излегува од контрола, изјави генералниот директор на Програмата на ОН за борба портив ХИВ/СИДА, Мишел Сидибе.

Според планот на ОН, до 2020 година треба да се оствари формулата „90-90-90“, одноосно 90 проценти од инфицираните со ХИВ треба да знаат дека се заразени, 90 проценти од серопозитивните треба да се лекуваат и 90 проценти од заболените треба да бидат лекувани.

По ова, во 2030 година, оваа фромула треба да се замени со „95-95-95“, со што ќе се избегне опасноста од СИДА да заболат речиси 285 милиони лица, се посочува во документот.

Основа за ваков оптимизам ОН наоѓаат во успешните резултати постигнати со досега применетите мерки. Во текот на 2013 година бројот на новоинфицирани со ХИВ се зголеми за 2,1 милиони, што претставува намалување за 38 отсто во споредба со 2001 година. Во периодот од 2005 до 2013, смртноста на заболените од СИДА е намалена за 35 проценти.

ОН планираат до 2020 година бројот на новоинфицирани да се сведе на 500.000 годишно, за што ќе бидат потребни 35,6 милијарди долари.

– Ако во секој човек инфициран со ХИВ инвестираме по само три долари, во следните пет години ќе ја совладаме епидемијата, нагласи Сидибе.