Светот ја критикува одлуката на Трамп да ги повлече САД од Парискиот климатски договор

Повлекувањето на САД од Парискиот договор за климата е погрешно за иднината на децата и тажен момент за планетата, порачаа светските челници откако американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот во Белата куќа објави дека се повлекува од обврската за намалување на штетните гасови коишто го предизвикуваат ефектот на стаклената градина којшто во 2015 година освен САД го потишаа во 2015 година го потпишаа уште 194 земји.

По повеќеседмично исчекување, Доналд Трамп го исполни своето предизборно ветување дадено во заштитата на американските работни места и најави дека „ја исполнува својата официјална должност, а тоа е заштитата на Америка и нејзините граѓани“ и ги повлекува САД од Парискиот договор што во градината на Белата куќа беше проследено со аплауз.

Трамп повтори дека „не сака што и да е да се испречи“ пред неговите настојувања да ја зајакни економијата на најголемата светска слика и најави дека е подготвен да преговара за нов договор за климата.

Одлуката на Трамп, за која вели дека е враќање на американскиот суверенитет, да ги повлече САД од Парискиот договор, тоа нема да го запре дејствувањето за да се реши еден од најсериозните пробеми со коишто се соочува планетата, соопштија политички челници, научници, активисти и други експерти.

ОН и Обама се уверени оти американскиот бизнис ќе биде доследен на Парискиот договор

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антотнио Гутереш, „останува уверен во тоа дека американските градови, држави и деловни кругови ќе работат за тоа да се намалат емисиите од фосилни горива“, изјави неговиот портпарол.

Поранешниот американски претседател Барак Обама ја критикуваше одлуката на својот наследник на должност Доналд Трамп за повлекувањето од климатскиот договор, но изрази уверување дека американските сојузни држави и деловниот сектор уште посилно ќе работат на тоа како да ја заштитат планетата.

„Дурии и доколку Америка не е лидер, па дури и доколку оваа администрација им се придружи на малкуте зеји кои ја отфрлаат иднината, уверен сум дека нашите држави, градови и деловни кругови ќе исчекорат и дури повеќе да го покажат патот и да ја помогнат заштитата за идните генерации за оваа единствена планета којашто ја имаме“, изјави Обама.

Мит Ромни, републиканскиот кандидат за Белата куќа во 2012 година изјави дека станува збор и за „статусот на Америка како светски лидер“.

Европа и Кина доследни на Парискиот договор

Германската канцеларка Ангела Меркел неколку часа пред изјавата на Трамп истакна дека Парискиот договор е „извонредно важен“. Кинескиот премиер Ли Кечијанг, кој престојува во посета на Берлин, истакна дека неговата земја ќе ги исполни своите обвриски. „Меѓутоа, секако, сакаме тоа да го сториме во соработка со другите“, додаде.

Челниците на Европска унија беа нешто поостри во своите изјави. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер ја оцени одлуката на американскиот претседател како „тешка грешка“. „Таа одлука претставува тешка грешка“, напиша на Twitter на англиски и гeрмански јазик, неколку минути по изјавата од Белата куќа.

Италијанскиот премиер Паоло Џентилони го повика светот да не се откажува. „Не смееме да се повлечеме… Италија се обврза на намалувањето на емисијата на стакленичките гасови, на обновливите извори на енергија, на одржлив развој“, напиша Џентилони на Twitter.

Овој четврток беше „тажен ден за светот. „Данска е подготвена да ја продолжи битката за климата за да ги спасии идните поколенија“, напиша данскиот премиер Ларс Локе Расмусен.

Поранешната француска министерка за природна средина Сеголен Ројал ја нарече одлуката на Трамп „многу тешко злосторство против човаечност“ во изјавата за телевизијата BFM TV.

Досега 147 земји во светот го ратификуваа Парискиот договор за климатските промени.

 

Градоначалници и научници осудуваат

Ан Идалго, градоначалничката на француската престолнина Париз, каде што беше потпишан договорот по долги години преговарања во декември 2015 година, оцени дека одлуката на американскиот претседател е „грешка којашто ќе има драматични последици“.

„Без оглед на одлуката на претседателот Трамп, големите градови во светот, особено 12 големи американски градови од групата С40, решителни се да останат доследни да се направи она што е потребно за да се примени Парискиот договор“, рече Идалго и додаде дека „нема алтернатива за иднината на нашата планета“.

И градоначалникот на Чикаго ја критикуаше одлуката на својот претседател. „Повлекувањето од Парискиот договор е кусогледо, а климатските промени не изгледаат ништо помалку стварни. Од смалувањето на нашата потошувачка на енергија до ширењето на мрежата на јавниот транспорт Чикаго нема да ја избегне одговорноста да дејствува“, изјави градоначалникот Рам Емануел.

Градоначалникот на австралиската метропола Сиднеј, Кловер Мур, предупреди дека часовникот за планетата отчукува. „Ова лето се урнати многу рекорди во Сиднеј. „Видовме избелување на коралите во пристаништето, а часовникот за климатските промени отчукува. Сакаме нашите влади да соработуваат со нашите градови не поддржуваат, носат свои за политики, но доколку не ги донесат треба да се тргнат и да не пуштат да правиме што треба“, рече Мур.

„Влеговме во светот на стравовите и незнаењата, кога претседателот на САД ја игнорира науката и добробитта на човештвото бидејќи не се вклопуваа во неговиот поглед на светот“, вели Марк Маслин, професор по климатологија од лондонскиот универзитет.

Габи Хегерл, професорка по климатологија во Единбург изјави дека „стравува за иднината на нашите деца“. „Уште повеќе се плашам за иднината на децата во земјите во развој коишто не придонеле многу придонесоа за настанувањето на проблемот но коишто први ќе ги осетат последиците. Каде тие ќе отидат?“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.