Светот во 2013 низ 13 фотографии, протести, тероризам, кралско бебе и природни катастрофи

Годината полека си заминува, а и оваа, традиционално ќе ја паметиме по трагедии, по терористички напади, многу жртви, злобните игри на природата, кралското бебе и изборот на скромниот и добар Папа. Оваа година светот се прости од две личности, познати по нивната храброст, лидерски способности и посветеност на својот народ, Нелсон Мандела и Хуго Чавез. Оваа година ќе ја запаметиме по смртта на еден од најголемите лидери, човекот кој  животот го посвети на својот народ, борец за човекови права и хуманист, Нелсон Мандела. По неколкумесечно боледување, Мандела почина на петти  декември . Затвореникот кој стана претседател за својата борба против апартхејдот доби најмалку 250 престижни награди вклучувајќи ја и Нобеловата награда за мир во 93-та.Тој беше погребан со државни почести и племенски ритуални во родното Куну, а на комеморацијата од него се простија најголемите светки лидери и познати личности. На петти март битката со ракот ја изгуби еден од најпознатите социјалистички лидери во светот, венецуелскиот претседател Хуго Чавез. Тој беше на  чело на Венецуела од  1999 година. Во текот на своето владеење, тој вовел радикални промени во земјата, вклучувајќи го и новиот Устав, како и многу социјални програми и нова надворешна политика. Турска пролет – така светските медиуми ги нарекоа протестити во Истанбул и другите поголеми турски градови, кои започнаа на 28 мај како протест против сечењето на дрва во паркот Гези, а ескалираа во антивладини протести со масовна посетеност. Се проценува дека речиси 80 милиони луѓе учествуваа во околу 5.000 протести. На моменти, полицијата, водена од режиот на премиерот Реџеп Таип Ердоган, беше брутална, што резултираше со пет жртви и над 8.000 повредени. Над 3.000 лица беа приведени поради учество и организација на демонстрации. За разлика од бруталноста на полицијата која не го штедеше солзавецот, демонстрантите бараат правда со песна, со солидарност, со помош…Симбол на турската пролет е „Девојката во црвено“ која стоеше мирно пред полицајците кои ја напаѓаа со солзавец.

Државен удар, падот на Мохамед Морси, протести и контрапротестви, насилство, многу жртви, вака Египет ќе ја памети годината што изминува. Со државен удар и масовни демонстрации на трети јули од власт беше симнат претседателот Морси кој државата ја водел се’ повеќе кон Ислам. Истиот ден, започнаа контрапротестите од „Муслиманското братство“, неговите следбеници, кои со насилство бараат негово враќање на чело на Египет. За време  на масовните протести, кои се’ уште траат но со послаб интензитет животот го загубија над 1.200 лица, а илјадници се повредени. Во текот на протестите, имаше и верски судири, запалени цркви и џамии. Приведени се лидерите на „Муслиманското братство“ и нивната организација е забранета.

Годинава ја одбележа и нападот со хемиско оружје во Сирија, што ги скара и најмоќните лидери, Барак Обама и Владимир Путин. На 21 август, силите на озогласниот сириски претседател Башар ал Асад извршија напад со хемиско оружје во Дамаск. Над 1.300 лица загинаа во нападот, што го осудија светските сили и организации, САД дури се заканија со ракетен напад ако не се прекине теророт врз невини лица. Но, Русија пресече со нов план, да се уништи сето сириско хемиско оружје. Уништувањето се’ уште трае и се очекува да заврши во средната на новата година. Според извештајот на Обединетите Нации во Сирија најмалку пет пати било употребено хемиско оружје.

По неверојатната кралска свадба во 2012, оваа година помина во очекување и восхитување на идниот британски крал. На 22 јули, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, станаа родители за прв пат. Кејт роди машко бебе тешко 3.790 грама, а се породила во 16:24 минути. Породувањето траело 11 часа. Својот син и престолонаследник го крстија Џорџ.

Оваа година која ситно брои до нејзиниот крај ќе остане запамета и по историското ракување меѓу двајца моќни лидери, Барак Обама и кубанскиот колега, Раул Кастро. Обама се ракуваше со Кастро на комеморацијата за Нелсон Мандеа,  пред да се качи на бината, за да го одржи својот говор, покажувајќи ја уште еднаш својата желба за зближување со „непријателите на САД“. Двете земји одржуваат ладни односи од почетокот на 60-тите години на минатиот век.

Бостонскиот масакар предупреди колку е опасен овој свет. На 15 април, за време на традиционалниот маратон во Бостон, две бомби експлодираа убивајќи три лица, а повредувајќи 264. Американската полиција веднаш знаеше дека се работи за терористички акт. По неколку дена, двајца браќа, Тамерлан и Џохар Царнаеви беа главните осомничени. Во обидот да се приведат, убиен беше постариот Тамерлан, додека помладиот беше ранет. Тој во судскиот процес тврдеше дека е невин. Му се заканува смртна казна или доживотен затвор.

Крајот на оваа година е најдобар за критичарот на Кремљ, Михаил Ходорковски беше помилуван од претседателот на Русија, Владимир Путин. Тој беше ослободен по 10 години затвор. Во меѓувреме Ходорковски пристигна во Берлин. Нафтениот милијардер Ходорковски беше уапсен во 2003 година, а две години подоцна беше осуден поради измама и затајување на данок. Нафтениот концерн „Јукос“, чиј шеф беше Ходорковски, беше расформиран. Овој процес во меѓународни рамки беше критикуван како политички мотивиран. Во моментов се нејасни причините за помилувањето, кое беше изненадување и за адвокатите на затвореникот. Порано Ходорковски постојано одбиваше да побара помилување, бидејќи тоа во Русија е поврзано со признавање на вината.

Природна катастрофа ја одбележа 2013 на Филипините. Тајфунот „Хаијан“ со огромна сила опустоши делови од Филипините, одземјаќи над 1.200 животи. Тајфунот беше најразорен за  гардот Таклобан на централниот филипински остров Лејте, во кој има околу 1.200 загинати.  Властите на Таклобан, град со 220.000 жители, соопштија дека најголемиот дел од населението било евакуирано навреме, поради што и нема поголем број човечки жртви. Филипинската Национална служба за вонредни состојби во текот на вчерашниот ден од деловите на Филипини низ кои мина жариштето на тајфунот евакуира над еден милиони лица, а уште 14 милиони жители на 37 провинции беа предупредени на можна евакуација. „Хаијан“, кој е проследен и со поројни дождови, покрај големиот број разурнати куќи и откорнати дрвја и електрични столбови, предизвика и поплави и лизгање на земјиштето.

Откако папата Бенедикт XVI  абидицираше, кардиналите се собраа за да го изберат новиот католички лидер. Сто и петнаесет кардинали на возраст до 80 години го избираа  новиот папа.Неколку илјади верници на 13 март  му се поклонија на новиот Папа Хорхе Марио Бергољо, или со папско име Франциско Први. Оваа година за прв пат  Систинската капела избра  Папа надвор од Европа по сиријскиот папа Грегориј III. Аргентискиот син на италијански работник во железници е  266 Папа во Католичката Црква. Новиот Папа е скромен и пожртвуван, не живее во луксуз и е посветен на верниците.

Влезот во големото европскио семејство ги скара Украинците. Во Украина владее граѓанска војна.  Над 350.000 демонстранти во борбата за слобода тргнаа со багерии и коктели, железни палки на кордонот полицајци. Голем број од ранетите се специјалците, но меѓу  нив има и демонстранти. Опозицијата на чело во Виталиј Кличко се крена на нозе откако  украинската влада одби да влезе во ЕУ.

Крвопролевање, тероризам, жртви, ова ја одбележа 2013 година. На 21 септември мета на терористи беше трговскиот центар „Вејстгејт“ во престолнината на Кенија, Најроби. Заложничката драма која траеше четири дена заврши во 72 жртви, 61 цивил, шест кениски војници и пет терористи.