Светска банка и експертите со признание за извештајот на „Дуинг бизнис“, само на СДСМ му пречи успехот

Македонија е повторно еден од водечките реформатори во светот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигнува економски резултати кои не остануваат незабележани во глобални рамки. Светска банка во својот последен „Дуинг бизнис“ (Doing business) извештај за 2017 година ја рангираше државата на десеттото место во светот и на петтото во Европа во однос на леснотијата за водење бизнис.

Македонија е подобро рангирана од 25 земји – членки на ЕУ и во глобални рамки е во друштво на: Нов Зеланд, Сингапур, Данска, Хонг Конг, Република Кореја, Норвешка, Велика Британија, САД, Шведска.

За тоа колку е направено на планот на подобрувањето на бизнис – климата е следниот податок – Македонија пред 10 години во овој извештај била рангирана на 94. место.

-Најдобро рангирана економија во регионот е Македонија, на 10. место во светот. Благодарение на спроведените реформи, сега на еден претприемач во Македонија му се потреби само два дена да отпочне бизнис, што е значително помалку во однос на регионалниот просек од 10 дена, наведува Светска банка.

Валентина Салтане од тимот на Светската Банка кој го изработува извештајот за водење бизнис вели дека досега највисокото десетто место за Република Македонија е одлична вест за земјата и е резултат на активното спроведување реформи со кои им се олеснува на стопанствениците да инвестираат и работат.

– Најновото издание на извештајот Дуинг бизнис носи одлични вести за Македонија бидејќи за првпат во историјата на извештајот Македонија се приклучи на првите десет топ реформатори за бизнис, што е големо постигнување. Ако погледнеме регионално, Македонија е најдобрата држава во регионот на Европа и средна Азија. Ова е постигнато со многу активно поттикнување реформи, што Македонија ги продолжува од година во година, изјави Салтане за Македонската телевизија.

Салтане вели дека Македонија особено се истакнува во отстранување на проблемите поврзани со бирократијата.

– Мислам дека Македонија постигна одлични резултати на индикаторите кои го мерат надминувањето на бирократските пречки за бизнис, на пример во областа на почнување на бизнис глобалниот рејтинг на Македонија е на 4-то место од 190 држави во светот. Ако стопанственик ги има сите потребни документи, може да почне бизнис за само два дена, што е одлично постигнување. Следниот предизвик ќе биде да се продолжи со реформирањето и да се постигнат подобри резултати, и да се пренасочи фокусот на правните институции. Бидејќи е потребно подолго време да се реформираат судовите, министерствата, затоа е потребно можеби да се насочи повеќе фокус кон владините институции и судовите за да се обезбеди дека се е автоматски, дека е транспарентен процес и луѓето знаат кои се правилата и регулативите. Ова би бил следниот чекор што го гледаме како предизвик за државата, додава Салтане.

Земјите од регионот се далеку зад Македонија: Словенија (30), Романија (36), Бугарија (39), Хрватска (43), Србија (47), Црна Гора (51), Албанија (58), Косово (60), Грција (61), Турција (69) и Босна и Херцеговина (81).

Медиумите од цел регион пишуваат за големото достигнување на Македонија, радувајќи се на сопствените успеси, но признавајќи го огромниот успех кој земјава го остварува.

-Македонија е најдобро рангирана во категоријата за започнување на бизнис, каде се наоѓа на 4-то место. Во категоријата за плаќање на даноци е на 9-то место, за вадење на градежни дозволи е на 11-то, а во категоријата за заштита на инвеститори на 13-то место во извештајот, анализираат медиумите од регионот.

За овој голем успех на Македонија, медиумите од нашите соседни земји објавуваат само пофалби за нашата земја.

srpski-mediumio

Србија слави за 47-мото место

Експертите од Србија, пак, коментираат со голема гордост што нивната земја оваа година е меѓу 50-те најдобри, односно го зазема 47-мото место. За ова пишуваат како за голем успех кој го постигнала државата. За важноста од овој извештај, согласни се експертите.

Директорот на Светската банка за Србија, Тони Верхејен вели дека Србија доживеала огромен успех . Тој јавно и честиташе на оваа земја за успехот, порачувајќи и дека со макотрпна работа може да стигнат и до првите 20.

Желбата на премиерот Александар Вучиќ, пак, е земјата да влезе меѓу првите 30.

Професорката Ана Трбовиќ вели дека ваквите листи и успеси се значајни за земјата, за инвеститорите, за работниците…

-Овој извештај носи признание за реформите во министерствата задолжени за оваа област, вели таа.

sb-mediumi

Само на СДСМ и СОРОС им пречи успехот на Македонија

Единствени кои со негативен тон говорат и известуваат за ова големо признание за Македонија, се медиумите блиски до СДСМ и финансирани од СОРОС. Тие со доза на омаловажување известуваат за оваа значајна листа. Македонскиот успех од светски рамки, за нив претставува негативна вест, односно вест која ним не им одговара.

Како само до СДСМ да стигна сосема поинаков извештај. Партијата на Зоран Заев како негативен се обиде да го претстави извештајот на Светската банка. Целиот регион говори за успехот на Македонија, само од Бихаќка стигна соопштение во кое се толкува нешто сосема друго.

ВМРО-ДПМНЕ: Секој успех за Македонија е пораз за СДСМ

-Овој успех на Македонија, во овој период, е веројатно прогласен за ден на жалост во кругот на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата банда. Аболицираниот криминалец Зоран Заев знае дека врвен успех во економијата на неговата партија СДСМ е 94-то место на Дуинг бизнис листата, рекордната невработеност од околу 39%, 684 затворени фабрики, 200 илјади работници оставени на улица. После десет години Македонија е поинаква земја. Денес Македонија е на високото 10 –то место на Дуинг Бизнис листата на Светската банка меѓу 190 земји во светот, а 5-та по ранк во Европа. Отворени се нови 160 илјади работни места, невработеноста е на рекордно ниски 24%, донесени се десетици странски инвестиции низ цела Македонија. За напорната работа на создавање што поповолни услови за инвестирање во Македонија, отварање нови работни места, повисок стандард и подобрување на условите за работа и живот, светски реномираните институции јавно упатуваат пофалби за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, порачаа од владејачката партија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.