Светска банка ќе го презентира извештајот за економиите на земјите во ЈИЕ

Светска банка денеска ќе го презентира шестото издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во Југоисточна Европа.

Шестото издание насловено како „Кревко закрепнување“ го разгледува закрепнувањето на економиите во земјите на ЈИЕ по рецесијата во 2012 година, со пораст во просек од 2,2 проценти во 2013 година. Секоја од земјите забележа позитивна стапка на раст во 2013 година кој се движи или надминува 3 проценти во Македонија, Косово и Црна Гора.