Светска банка: Македонската економија со најголем раст во регионот

Македонија и Црна Гора годинава ќе имаат највисок раст во регионот од 3,7 отсто. Ова го предвидува Светска банка во најновата прогноза за растот на економијата.

Во наредните две години прогнозата за растот на македонската економија е четири отсто. Како ризици во Извештајот се наведени политичката несигурност и мигрантската криза.

Во земјите од регионот, СБ годинава предвидува раст на економијата на Албанија од 3,2 проценти, на БиХ 2,6 отсто, Бугарија 2,2 отсто, Хрватска 1,9 отсто, Косово 3,6 и Србија 1,8 отсто.

За наредната година растот на БДП во Албанија е 3,5 отсто, БиХ 3,1 отсто, Бугарија 2,7 отсто, Хрватска 2 отсто, Косово 4 отсто, Црна Гора 3,1 отсто и Србија 2,3 отсто.

Светската банка во извештајот ја намали прогнозата за растот на светската економија. Развиените економии се опоравуваат побавно од очекуваното, а ниските цени на суровитените им пречат на другите земји.

rast-gdp

Според Светската банка, светската економија ќе забележи раст од 2,4 отсто оваа година – исто како и минатата година. Во јануари прогнозите беа за 2,9 проценти.

За Македонија СБ го прогнозира следниов раст.

  • 2016: +3.7%
  • 2017: +4.0%
  • 2018: +4.0%

Прогнозите за Македонија се зголемени за 0.3% за секоја година во споредба со последната прогноза од Јануари 2016.

Земјите од регионот се со следниве прогнози:

Албанија:

  • 2016:+3.2%
  • 2017:+3.5%
  • 2018:+3.8%

БиХ:

  • 2016:+2.6%
  • 2017:+3.1%
  • 2018:+3.5%

Бугарија:

  • 2016:+2.2%
  • 2017:+2.7%
  • 2018:+3.0%

Хрватска:

  • 2016:+1.9%
  • 2017:+2.0%
  • 2018:+2.4%

Унгарија:

  • 2016:+2.6%
  • 2017:+2.4%
  • 2018:+2.3%

Косово:

  • 2016:+3.6%
  • 2017:+4.0%
  • 2018: +4.1%

 

Црна Гора:

  • 2016:+3.7%
  • 2017:+3.1%
  • 2018:+3.0%

Србија

  • 2016:+1.8%
  • 2017:+2.3%
  • 2018:+3.5%