сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 31

Светска банка предвидува пораст на македонската економија од 3,4 %

Растот во наредните две години ќе добие на динамика, и во 2017-та и 2018-та домашната економија ќе забележи зголемување од по 3,7 насто годишно.

Светска банка предвидува пораст на македонската економија од 3,4 %

Светска банка предвидува пораст на македонската економија од 3,4 %

Поврзани вести

Македонија во 2016-та ќе оствари економски раст од 3,4 насто, прогнозира Светска банка во анализата „Глобални економски перспективи“. Растот во наредните две години ќе добие на динамика, и во 2017-та и 2018-та домашната економија ќе забележи зголемување од по 3,7 насто годишно.

Економскиот раст во регионот на Европа и во Централна Азија ќе забави од ланските 2,3 на само 2,1%. Причина за скромната економска динамика е влијанието на намалените цени на нафтата врз источниот дел од регионот, конфликтот во Украина и  последователните ефекти од рецесијата во Руската федерација.

Од земјите во регионот на Западниот Балкан за Турција и Косово во 2016-та се прогнозира раст од 3,5%, а Албанија од 3,4%. Црна Гора ќе забележи раст од 2,9% додека Босна и Херцеговина и Бугарија ќе се развиваат со 2,3%, односно 2,2%.

Најслаби се очекувањата за Србија, за која се очекува раст од само 1,8%.

Најчитани вести