Светска Банка: Справувањето со климатските промени ќе ја зголеми светската економија

Борбата со климатските промени ќе и помогне на светската економија да оствари раст, според Светската Банка, тоа ќе додава вредност на глобалниот БДП секоја година во наредните декади. Годишните бенефити на овие политики вклучуваат зголемување на БДП за 1,5 отсто. Паметните политики во областа на климатските промени може да генерираат 2,6 трилиони долари годишно на светската економија, пишува „Гардијан“.

Банката користела компјутерско моделирање за да ги предвиди ефектите од специфични мерки , како на пример инсталирање на автобуски линии во Индија и чисти индустриски печки во Кина, или пак воведување на поефикасно кондиционирање на воздухот и други системи за градба во Мексико.

Во извештајот на Светската Банка, економистите ги разгледале ефектите на специфични политики во шест региони – Бразил, Кина, Европската Унија, Индија, Мексико и САД, кои се лидери како и во светската економија и глобалните емисии.

Се проценува дека про-климатските политики имаат и друго влијание по однос на бенефитите како на пример избегнување на 94.000 смртни случаи како последица на загадувањето на воздухот.

Извештајот исто така дава предност на тврдењата на економистите кои тврдат дека одложувањето на акциите за климатските промени ќе донесе огромни трошоци.

Извештајот на Светската Банка е првиот од блокот на економски студии во сврха на случајот за превземање на акции за климатските промени како подготвока за критичниот самит на Обединетите Нации во септември.

Генералниот секретар на ОН, Бан-Ки Мун, ги покани светските лидери во ОН да изградат моментум во преговорите за прашањата поврзани со светските климатски промени.

Според наодите, кои станаа достапни на јавноста во извештајот на Светската Банка објавен во вторникот, после острите контрасти во тврдењата на Австралиската влада дека мерките за борба со климатсите промени ќе ја нагризуваат економијата. Претседателот на Светската Банка Џим Јонг Ким, рекол дека заклучоците ги побија тврдењата дека светот не може да си дозволи да се дејствува на климатските промени.

„Овие политики имаат економска логика“, рекол Ким на прес конференцијата. „Овој извештај отстранува уште една лажна бариера, уште еден лажен аргумент да не се превземаат акции против климатските промени.“

Австралискиот премиер Тони Абот, при посетата на Канада на почетокот на месецов, рекол дека борбата со климатските промени е прескапа. „ Тоа што нема да го направиме е да ја нагриземе нашата економија и цената да бидат работни места со работи како данок за јаглен кој убива работа“, рекол Абот.

Ким не коментирал директно по однос на забелешките на австралискиот премиер, но рекол дека студијата од Светската Банка обезбедила солидни податоци за ефектите на про-климатските политики, во контраст на „размислување“ за нивните трошоци.

„Овој модел покажува дека паметните избори исто така ќе ги подобрат локалните и глобалните економии“, рекол Ким.

 

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.