Светската банка ги намали проценките на глобалниот раст

Светска банка: Политичките случувања во Македонија ќе ја забават економијата
Светска банка: Политичките случувања во Македонија ќе ја забават економијата

Светската Банка ја намали прогнозата за глобалниот стопански раст од јануарските 3,2 на 2,8 отсто, предвидувајќи разочарувачко темпо на раст во земјите во развој заради слабиот почеток на годината кој го одложи очекуваното забрзување на активностите.

Прогнозите за наредната и за 2016 година се потврдени на 3,4 односно 3,5 отсто, објавено е на сајтот на Светската Банка во најновиот извештај под наслов „Изгледи на светското стопанство“, објавен на веб страната на Светската Банка вчера.

Светската банка, исто така, ја намали прогнозата за раст во групата на земји во развој за оваа година на 4,8 отсто од проектираните 5,3 отсто во јануари.

Стопанската активност во тие земји во 2015 година, според проценките на СБ, би требало да се забрза на 5,4 отсто наместо прогнозираните 5,5 отсто од јануари, а во 2016 година на 5,5  отсто (5,7 отсто беше прогнозата направена на почетокот на годинава).

Точно таквата политика на Пекинг, заедно со лошите временски прилики во САД, кризата во Украина и бавното спроведување на структурните реформи, трета година по ред ќе се ограничи растотот во групата на земји во развој на под пет отсто, проценува Светската Банка.

Исто така намалената прогноза на растот во групите земји со висок доход од 2,2 отосто, колку што е предвидено во јануари, на 1,9 отсто. Според новата прогноза на СБ, во овие земји растот на стопанствотово 2015 година би требало да го забрза на 2,4 отсто, а во 2016 година на 2,5 отсто. За двете години, јануарската птогноза на стапката на раст беше 2,4 проценти.

Што се однесува на еврозоната, нејзиниот стопански раст е потврден на 1,1 отсто, а за САД, после падот на активности во првиот квартал заради острата зима, стапката на раст е намалена од јануарските 2,8 отсто на 2,1 отсто.

Според прогнозите на Светска Банка во 2015 и 2016 година на земјите со висок доход повторно ќе отпадне половината од растот на светската економија, во однос на помалку од 40 отсто колку што изнесуваше нивниот удел во 2013 година.

Забрзувањето на земјите со високи приходи ќе биде важен двигател во поттикнувањето на земјите во развој. Економиите со високи примања се очекува да инјектираат дополнителни 6,3 милијарди на глобалната сцена на финансиски побарачка во наредните три години, што е значајно повеќе од 3,9 милијарди долари кои беа контрибуирани во глобалната економија во изминатите три години и е повеќе од очекуваното во земјите во развој.

Краткорочните финансиски ризици станаа помал фактор на притисок, делумно заради во изминатиое такви зафати реализирани без поголеми пресврти и бидејќи економските прилагодувања од изминатите годиниги намалија слабостите. Актуелни дефицити на сметките на некои од најпогодените акономии во светот во текот на 2013 година и почетокот на 2014 година опаднаа и движењето на капиталот кон земјите во развој си отскокна до точката на своето тежнеење.

Пазарите остануваат плашливи и шпекулациите за иднината на макроекономските движења на земјите со висок приход може да резултираат со понатамошни епизоди на нестабионост. Исто така, слабости постојат и во неколку земји кои комбинираат висока инфлација и дефицит (Бразил, Јужна Африка и Турција). Ризикот овде едека неодамнешното олеснување на меѓународната финансиска состојба уште еднаш ќе послужи да го зајакне кредитниот раст, актуелните дефицити и поврзани слабости, стои во текстот објавен на веб страната на Светската Банка.

“Финансиската состојба на економиите е подобрена. Со исклучок на Кина и Русија, берзите добро работеа во економиите во развој, особено, Индија и Индонезија. Но сеуште не сме излегле од шумата. Постепено затегнување на фискалната политика и структурните реформи се посакувани да го обноват фискалниот простор осиромашен од финансиската криза во 2008 година.“, рече Кашук Басу, постар заменик на претседателот и главен економист во Светската Банка.