ТОП,Македонија

Светската банка ја прогласи Македонија за 12-та најдобра бизнис дестинација во светот

Светската банка ја прогласи Македонија за 12-та најдобра бизнис дестинација во светот
Светската банка ја прогласи Македонија за 12-та најдобра бизнис дестинација во светот

Македонија рангирана на највисокото досега 12-то место, од 189 економии во светот според добрата бизнис клима во штотуку објавениот извештај на Светската банка Doing Business 2016.

Македонија е на 6-то место во Европа, пред 24 земји членки на ЕУ, и убедливо најдобро рангирана во регионот, каде после Македонија е Словенија на 29-то место.

Ова е врвен резултат и големо признание на политиките за правење на бизнис клима, особено што доаѓа од најреномираната економска институција во Светот Светската банка.doing_business240

Македонија пред 9 години според истиот овој извештај беше рангирана на 94 место, што досега е раст за неверојатни 82 места.

Огромниот успех е постигнат низ континуирани реформи, Македонија е највисоко оценета за унапредување на бизнис климата, креирање на нови работни места, поедноставување на административните процедури, современи  технологии за обезбедување на квалитетни јавни услуги.