Светската банка најави помош за Србија

Светската банка би можела да и одобри на Србија два вида на помош за санирање на штетите од поплавите како бесповратни средства од неколку стотина илјади долари. Намената на делот од веќе одобрениот кредит од 500 милиони долари го промени, во договор со Владата на Србија, изјави денеска шефот на белградската канцеларија на Светската банка, Тони Верхеијен.

Тој најави дека во разговор со министрите за финансии и земјоделство во Владата на Србија ќе го дефинираат списокот за итна помош, а потоа ќе се одреди и парична сума која ќе и биде одобрена на Србија.

„Бесповратната помош е ограничена, ние сме организација која дава концесиони кредити, а во овој случај Србија би можела да добие кредити под поволни услови. Грантовите се ограничени на неколку стотини илјади долари и тоа е за брзи потреби во смисла на кредити за итно заздравување,“ изјави Верхеијен.