Светската банка оценува дека Хрватска ќе излезе од рецесија во 2014 година

Најновите прогнози на Светската банка предвидуваат дека Хрватска во 2014 година ќе излезе од петгодишна рецесија, со благ пораст од 0,8 отсто, додека за оваа година се предвидува ист процентуален пад.

Како што пренесува порталот seebuz.eu, извештајот на Светскта банка за 11 најмлади членки на ЕУ предвидува раст од 2,3 отсто за 2014 година, по просечниот раст од еден отсто во 2013 година.

Во наредната година се предвидува раст во сите земји на групата 11 во ЕУ, освен во Словенија, за која се очекува дека ќе има пад од еден отсто. Најголем раст се очекува во Летонија (4,2 отсто), Литванија (3,5 отсто) и Естонија (3 отсто)

Во извештајот на Светска банка се наведува дека по спорниот влез во 2013 година стапката на економскиот раст во земјите ЕУ 11 полека се зголемува.Економските изгледи во текот на годината се поправиле, а состојбата во еврозната се стабилизирала, извозот започнал да се заздравува, а растот го поддржале и домашните политики.

Во Хрватска трендовите се поразлилчни, односно заздравувањето е одложено. Специфичноста е поврзана и со велзот во ЕУ и излегувањето од ЦЕФТА.

Меѓу позитивните влијанија врз економијата се, туризмот и умерените движења во трговијата на мало, додека индустријата се уште не бележи позитивни трендови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.