Светската банка одобри осум милијарди долари за Египет до 2019 година

Светската банка одобри кредит од осум милијарди долари за Египет, којшто ќе биде доделен во три транши до 2019 година, изјави Асад Алем, регионален раководител на институциата одговорен за Египет, Јемен и Џибути.

Првата транша од една милијарда долари Каиро ја доби во петокот, додаде тој, пренесува ТАСС.

Според изворот, кредитот е наменет за владините реформи, првенствено за буџетската програма, а потоа и за програми за привлекување приватни инвестиции во областа на економијата, создавање нови работни места и зголемување на конкуренцијата.

Моментно, Светската банка има 24 аранжмани за развој во Египет вредни повеќе од седум милијарди долари.