Светската јавност е загрижена за Шер, еве зошто

Овој пат не се работи за проблеми со срцето, поради што минатата година, Шер мораше да ги откаже настапите. Всушност, во американскиот таблоид „Радар Онлајн“ осамнаа доста чудни вести за поп-дивата.

Претходно, редакцијата добила анонимна порака од мобилен телефон во која што се тврди дека познатата пејачка некој од луѓето што се најблиски до неа ја дрогира и ја држи под контрола и дека за тоа треба да се информираат надлежните.

Уредниците на порталот не се јавиле во полиција, но велат дека знаат за кого се работи. Станува збор за некого поради кој Шер неодамна доживеа нервен слом и почна да зема еден куп лекови.

Шер се однесува како маѓепсана. Убедена е дека оваа личност ја кажува вистината и дека не може да ја повреди. Пие таблети, а всушност не знае што зема, бидејќи таа личност и’ подвалува нешто многу посилно за да може да ја контролира – стои во една од пораките, но никој не објаснува што ја предизвикало на целата ситуација.

Порталот наведува дека Шер, ако ова продолжи, би можела да заврши како мексиканската пејачка Селена, која беше пред 21 години беше убиена од претседателот на нејзиниот фан клуб.