Светската круна (не)реална желба на Рои Хоџсон

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Рои Хоџсон го објави списокот со фудбалери кои добиле покана да настапат на престојниот Мундијал во Бразил.

Предводникот на “Гордиот Албион” потврди дека има и список со седум фудбалери кои моментално имаат статус на резерви и кои ќе бидат искористени доколку се случи некоја неочекувана повреда.

Искусниот играч за врска од редовите на Ливерпул, Стивен Џерард ќе ја има таа чест да ја носи капитенската летна прво на трите натпревари од групната фаза.

“Што сум тука ако не верувам дека Англија може да ја освои светската титула во Бразил. Ако не верувам во таков успех тогаш подобро е да останам дома. Сепак оваа изјава може да се дефинира и како празни зборови. Вака размислуваат и селекторите на Бразил, Уругвај, Аргентина, Германија… Ако оваа група на фудбалери не покаже колку е талентирана, тогаш мојата изјава ќе падне во вода”, изјави Хоџсон.

Список со фудбалери: ГОЛМАНИ: Фрасер Фростер, Бен Фостер, Џо Харт. ДЕФАНЗИВЦИ: Лејтон Бејнс, Гери Кејхил, Фил Јагиелка, Глен Џонсон, Фил Џонс, Лук Соу, Крис Смалинг. СРЕДЕН РЕД: Рос Баркли, Стивен Џерард, Џордан Хендерсон, Адам Лалана, Фрак Лампард, Џејсм Милнер, Алекс-Окслеид Чембрлен, Рием Стирлинг, Џек Вилшир. НАПАД: Рики Лампард, Вејн Руни, Даниел Стариџ, Дани Велбек.

РЕЗЕРВИ: Џон Руди, Џон Фланаган, Џон Стоунс, Мајкл Карик, Том Клеверли, Енди Керол, Џермејн Дефо.