Светската популација се повеќе заразена од зборување на телефон

73 отсто од Американците рекле дека паничат кога биле принудени да бидат „исклучени“ на телефомот на некое одредено време. Иако експертите предупредуваат дека такво дисконектирање ни е потребно од време на време, сепак овааа модерна зависност зема се поголем замав, според едно истражување од 2012 година.

1. Вкупно 75 проценти од светската популација има пристап до мобилен телефон.

2. Стравот од живеење без мобилен телефон се нарекува номофобија.

3. Од 73 отсто од оние кои паничат кога немаат со себе мобилен телефон, повеќето се жени, односно 83 проценти од жените паничат, наспроти 63 проценти од мажите.

4. Бактеријата Ешерихија коли е пронајдена во секој шести мобилен телефон.

5. Само два часа изложеност на светлото на екраните на мобилните телефони го намалува мелатонинот за 22 отсто, поради што е потешко да се заспие.

6. Студијата покажа дека американските корисници на мобилни телефони не можат да се воздржат повеќе од еден час да не погледнат во својот мобилен телефон.

7. 39 отсто од корисниците го носат својот телефон во тоалет, а 12 проценти и под туш.

8. 54 проценти од корисниците признале дека го прегледуваат својот мобилен телефон и во текот на ноќта.

9. 20 проценти од Американците, на возраст од 18 до 34 години, го користат мобилниот телефон за време на секс.

10. 12 отсто од луѓето признале дека мобилниот телефон им предизвикал проблеми во врската.

11. Голем дел од фирмите и работодавачите сметаат дека нивните вработени треба да бидат достапни 24/7 и тоа и го очекуваат од нив.

12. 33 проценти од луѓето го користат својот телефон за време на романтичен состанок, а 19 отсто и во црква.

13. Ист толкав број луѓе признале дека на јавни места се преправаат дека се зафатени со помош на мобилен телефон.

14. 25 проценти од автомобилските несреќи се предизвикани од користење мобилен телефон за време на возење, вклучувајќи го и користењето на уредот hands free.

15. Истражувањата покажаа дека опцијата „voice to text“ всушност уште повеќе го деконцентрираат возачот отколку пишувањето пораки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.