Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
По повод Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина – 8 Мај, Црвениот крст на Македонија се вклучи во глобалната кампања на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, што се одвива под мотото „Насекаде за секого“.

Како дел од активностите за одбележување на Светскиот ден, Црвениот крст на Република Македонија утре ќе отвори Центар за логистика во Момин Поток во Скопје.

Целта на отворањето на Центарот за логистика е зајакнување и унапредување на капацитетите за логистичка поддршка на националното друштво, како и придонес кон функционално единство, унифициран дизајн, видливост и препознатливост во државава и пошироко, соопшти Црвен крст на РМ.