Светски ден на срцето- Бесплатни прегледи во Градскиот парк

По повод одбележувањето на Светскиот ден на срцето, во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи централна манифестација.

Манифестацијата е во организација на Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Министерството за здравство и невладината „Здрава иднина“.

По официјалните обраќања ќе биде изведена детската едукативна претстава „Ах возраснни, возрасни“.

Децата ќе можат да творат во ликовна работилница под отворено небо, а за возрасните ќе бидат овозможени бесплатни прегледи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.