Светски ден на здравјето -„За безбедна храна, од нива до трпеза“

Под мотото „За безбедна храна, од нива до трпеза“ денеска се одбележува Светскиот ден на здравјето – 7 Април. Македонското лекарско друштво (МЛД) по тој повод денеска организира настан на кој ќе биде одржано предавање за безбедноста на храната.

Целта на кампањата на Светската здравствена организација (СЗО) е да се подигне свеста на граѓаните за подобра безбедност на храната, како и препораки на владите, јавно-здравствените авторитети, заедниците и поединците да преземаат навремени акции за превенција на приближно 200 заболувања кои се јавуваат како резултат на загадена храна со бактерии и вируси, паразити, хемиски супстанци и друго.

Болестите поврзани со загадена храна со бактерии би можеле да се превенираат со примена на пет клуча за побезбедна храна и тоа со одржување на хигиената, со одделување на сировата од подготвената храна, со темелно подготвување на храната, нејзино чување на безбедни температури и користење безбедна вода и свежи продукти, потенцираат од СЗО.

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето денеска во Скопје, МЛД свечен собир, на кој, меѓу другото, доц. д-р Гордана Ристовска од Институтот за јавно здравје ќе одржи предавање „Колку е безбедна Вашата храна“. Се очекува обраќање на претседателот на МЛД Горан Димитров и на министерот за здравство Никола Тодоров. Истовремено МЛД ќе одбележи 70 години од основањето.

Граѓаните на Македонија јадат безбедна храна, тврдат надлежните. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски вчера на прес-конференција во Институтот за јавно здравје со поддршка на СЗО рече дека храната во Македонија се контролира во секој сегмент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.