Светски медиуми: Над 90 илјади граѓани на најголемиот митинг во историја на Македонија

Светските медиуми пренесувајќи за вчерашниот собир на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на силна Македонија известуваат дека тоа било најголемиот митинг во историјата на нашата земја на кој над 90 илјади граѓани изразиле поддршка за политиките на актуелната владејачка партија во Македонија.

Меѓународната информативна агенција Спутник њуз која има дописништва кои што известуваат на над 30 јазици во светот оди со наслов „Понеделничкиот собир за поддршка на владата најголем во историјата на Македонија“ додавајќи дека над 90 илјади граѓани, партиципирале во собирот на кој му дале поддршка на премиерот Никола Груевски.

sputnik500

Известувајќи од собирот во Скопје новинарката Лиза Фелон на интернационалната телевизија РТ која има повеќе десетици дописништва во многу земји од светот известува дека над 90 илјади лица изразиле поддршка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека во исто време опозицијата иако ветувала илјадници протестанти во кампот пред владата собрала само мала група на лица.

liza500

Новинарката на „Раша Тудеј“ Лизи Фелан, го следеше и протестот пред Влада на 17-ти мај и народниот собир пред Собрание на 18-ти мај.

Од она што може да се забележи на нејзиниот Твитер профил, е тоа дека таа постојано известувала за двата собири.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.