Светскиот ден на волонтерството ќе се одбележи со доделување на награди за најдобрите волонтери

На настанот МТСП ќе додели награди за волонтерство, а Црвениот крст на РМ ќе додели волонтерски награди за посебни достигнувања.

Волонтерите ќе зборуваат за своите искуства и за придобивките од нивната активност. Меѓу нив се и јавни личности како позитивни примери кои практикуваат и поддржуваат волонтерство.

Настанот ќе се одржи во Музејот на македонската борба и ќе се обрати министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.