Свет

Светските лидери побараа итна примена на примирјето во Украина

Светските лидери побараа итна примена на примирјето во Украина

Францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел, рускиот претседател Владимир Путин и шефот на украинската држава Петро Порошенко синоќа во телефонски разговор „ја изразија својата посветеност во примената на Минскиот договор и одлучноста да направат се што е потребно за да обезбедат тој да биде итно имплементиран“.

Договорот од Минск, кој е потпишан во февруари 2015 година со посредство на француската и германската влада, а во присуство на Путин, предвидува прекин на огнот во источниот дел на Украина, како и други политички, економски и општествени мерки за крај на судирите во тоа подрачје.

Повикот на светските лидери за примена на примирјето е упатен откако во напад на проруските сили загинал еден украински војник, а тројца се повредени.

Порошенко, Меркел, Оланд и Путин, исто така, побараа и итен прекин на непријателството во Украина, почнувајќи од повлекување на оружјето од фронтот, како и на вооружените сили.