Светските медиуми ја пренесоа веста за хемиска кастрација на педофилите во Македонија

Голем број медиуми во светот вчера ја пренeсоа информацијата дека македонското Собрание го изгласа законот со кој што се воведува хемиска кастрација за педофилите во Македонија.

huffingtonpost

АФП јавува дека според законот, педофилите по првпат може да бидат осудени од 15 до 40 години затвор или да одберат хемиска кастрација во замена за намалување на казната.

ov-vest

Еј-Би-Си њус, Хафингтон пост како и многу други ја пренесува информацијата на Асошиејтед прес во која се наведува и ставот на Првата детска амбасада „Меѓаши“ според чиј директор Драги Змијанац законот се уште е благ кон престапниците.