Светските шампиони Ѓорѓиев и Манојловски за успехот кој го постигнаа ќе бидат наградени од државата

Македонските кикбоксери Ненад Манојловски, Димитар Ѓорѓиев и Стефани Тодоровска, постигнаа извонредни резултати освојувајќи два златни и еден бронзен медал во конкуренција на 669 натпреварувачи од 52 земји.

За овој голем успех, светските шампиони Димитар Ѓорѓиев и Ненад Манојловски се стекнуваат со стипендии од меѓународна категорија и во следните две години ќе добиваат надоместок од државата во висина од една просечна плата.

Кик-бокс репрезентацијата на прием во Агенцијата за млади и спорт
Кик-бокс репрезентацијата на прием во Агенцијата за млади и спорт

На нашите медалисти, но и на сите спортисти сакам да им порачам да продолжат да редат успеси и да ја претставуваат Македонија во најдобро светло на меѓународен план, а АМС ќе го следи секој нивни успех и ќе го вреднува секој нивни резултат, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.