Светските сили се придружија во потрагата по исчезнатите девојчиња киднапирани од Боко Харам

Светските сили вклучувајќи ги и САД и Кина се придружија на нигериските власти во потрага по повеќе од 200 девојчиња кои ги киднапираше исламистичката група Боко Харам.

САД, Велика Британија и Франција испратија во Нигерија свои специјални тимови кои работат на пронаоѓање на девојчињата, пренесува АФП.

Кина вети дека на Нигерија ќе и ја даде секоја корисна информација која ќе ја добие по пат на сателит од страна на известувачките служби.

Полицијата во средата понуди 300 илјади долари за информациите кои би помогнале во спасување на девојчињата, кои беа киднапирани 14 април во училиштето во Чибоку во северната нигериска држава Борно. Екстермистите на Боко Харам на 4 мај киднапираа уште 11 девојчиња меѓу 12 и 15 години од селото Гвоза.

Реагирањето на Нигерија на киднапирањето наиде на остри критики на јавноста, вклучувајќи активисти и родители на киднапираните девојчиња

Групата Боко Харам, чие што име значи „западното образование е забрането“, во текот на петгодишните екстремистички активности усмртила над илјада луѓе во Нигерија.Поради тоа се наметнува прашањето дали Нигерија има капацитет да се избори со насилствот, наведува француската агенција.