недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 21

Светското население со оптимизам во 2016. година

New Years Eve Fireworks in Melbourne

Поврзани вести

Луѓето ширум светот со оптимизам ја дочекуваат Нова година, покажува денеска објавеното истражување на Институтот „Галуп“, кое укажува дека Европејците се попесимистички расположени од Азијците.

Две третини, односно 66 отсто од испитаниците навеле дека се среќни со својот живот и 54 отсто од нив очекуваат дека 2016. ќе биде подобра од годината што изминува.

Истражувањето на јавното мислење по повод крајот на годината покажало дека освен среќната третина има десет осто несреќни и една четвртина „неутрални“ испитаници.

Најголем дел од среќните луѓе се оние со големи примања, а што се однесува до верата чувството на среќа е најприсутно кај атеистите и агностиците (75 отсто), потоа следат хиндусите, по нив католиците и муслиманите, а по нив будистите и протестантите.

Истражувањето покажа дека најголем дел од среќните луѓе живеат во Латинска Америка.

Што се однесува до очекувањата за следната година 54 отсто сметаат дека ќе биде подобра од 2015., една четвртрина не очекува промени, а само 16 проценти со песимизам гледаат на иднината.

Регионално набљудувано се гледаат значителни разлики, бидејќи Европа со 27 отсто оптимисти е далеку под светскиот просек, додека Азијаците со 63 отсто се над просекот.

Во Европа најпесимистични пред Нова година се Италијанците, од кои 52 отсо изјавиле дека очекуваат оти 2016 година ќе биде полоша од оваа, а само 15 отсто очекуваат подобра година.

Во Кина 76 од населението се оптимисти, во Индија 60 отсто, во Русија 54 проценти, а во Бразил 50 отсто.

Најчитани вести