Свиндал најбрз во Вал Гардена

Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал ја оправда фаворитската улога на трката во супервелеслалом што се возеше во италијанскиот скијачки центар Вал Гардена. Тој триумфираше со време 1:35,82 минута, со што го превзеде и водството во генералниот пласман во супервелеслалом.

Второто место на денешната трка му припадна на Канаѓанецот Јан Худес со 58 стотинки послабо време од победникот, додека третопласиран беше Адриен Тео од Франција.

Американецот Боде Милер го освои осмото место, швајцарскиот ветеран Дидие Дефаго се најде на 12. позиција, а денешната трка на незгодната патека не ја завршија Куенгер, Мајер, Крол, Лигети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.